Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

April 26, 2024
1 min read

Маск во моментов е на два фронта, со властите во Бразил и во Австралија кои бараат на платформата да нема содржини кои тие ги  сметаат за штетни, за расизам, за дезинформации… (Види: Битката со дезинформации е убав бизнис).

Спорот на Маск со бразилските власти е дел од тековната дебата за тоа што да се прави со „дигиталните милиции“ кои се поврзуваат со поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Онлајн поддржувачите на Болсонаро беа предмет на петгодишна истрага од страна на судијата на Врховниот суд, Александре де Мораес, за наводно ширење лажни вести и говор на омраза за време на неговиот мандат.

Притоа, де Мораес издаде забрана за 150 твитер сметки на „дигиталните милицајци“ но добар дел од нив уште се активни. Забраните Маск ги доживеа како „агресивна цензура“ и порача дека „овој судија дрско и постојано го издава уставот и народот на Бразил“.

За возврат, де Мораес покрена истрага против Маск, за попречување на правдата.

Со Австралија, борбата почна со комесарот за е-безбедност кому му се придружија и сенатори и самиот премиер, Ентони Албанезе.

Повод беше обидот за убиство на владиката на асирската православна црква во Сиднеј, Мар Мари Емануел. Комесарот издаде наредба за отстранување на видеата од нападот на глобалните платформи. Мета веднаш прифати. Маск не.

Проблемот беше што австралиските власти не бараа видеата да не можат да ги видат само луѓето во Австралија туку да ги нема за сите ширум светот  (за Австралијците да не можат да се снаоѓаат со ВПН-и), на што Маск им  порача дека не може австралиските закони да важат надвор од нивната територија. Па ги гео-блокираше видеата само за Австралија.

„Ако на која било земја ѝ е дозволено да цензурира содржина за СИТЕ земји, како што бара австралискиот комесар, тогаш што ќе спречува некоја земја да го контролира целиот интернет? пиша Маск на Икс.

Австралискиот премиер го нарече Маск „арогантен милијардер“ кој мисли дека е над законот, ама па добро, не е тој еден од најбистрите (види: Австралија, мора ли толку глупо?).

На 10 мај предметот ќе се најде на суд а ако изгубат, Маск и Икс се соочуваат со казна од 500.000 долари за секој ден во кој нема да биде направено како што сакаат властите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

Latest from Blog

БАНКАРОТ АЛЕКСАНДАР ОГРАБИЛ БАНКА, ОДНЕЛ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА – ги скрил во 6 дупки, па им поставувал загатки на полицајците!

Во јуни 2008 година, поранешниот банкар Александар Спасиќ (42) излегол од банка во Србија со торба полна со пари. Истата вечер, тој се предал и ги принудил полицајците да решаваат загатки за

Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела

Во новоизненадувачки потег, американскиот претседател Доналд Трамп сподели фотографија од екран, наводно од Википедија, на која е наведено дека тој е вршител на должноста претседател на Венецуела. Објавата се појави на неговиот

Утре е Стара Нова година и Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утре вечер, на 13. кон 14. јануари, ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Ќе се слават три празници всушност, се дочекува Новата

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ – Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 лета. – Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025
Go toTop