Зошто Камчев се најде на „црната листа“ на САД: Интензивно се занимава со корупција вклучително и перење пари од раните 2000-ти

July 19, 2023
2 mins read

Американските власти сметаат дека Камчев интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Северна Македонија нагласувајќи го тука тоа што со неговото коруптивно однесување придонел за колапсот на СЈО

Јордан (Орце) Камчев / Архива, фото: МИА

Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев од денеска е на „црната листа“ на САД поради корупција.

Нарекувајќи го „корумпиран бизнисмен“, американското Министерството за финансии објави дека одлуката на Канцеларијата за контрола на странски средства е донесена денеска и ја нагласува посветеноста на САД да промовира одговорност за сите поединци и фирми кои „ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и други дестабилизирачко однесување“.

„Господинот Камчев ја злоупотреби својата положба со преземање коруптивни активност и спроведување агенда за своите потреби на сметка на демократските институции и граѓани на Северна Македонија“,

изјави потсекретарот на Министерството за финансии, Брајан Нелсон.

Во објаснувањето на одлуката за ставањето на Камчев на „црната листа“ се наведува дека тој интензивно се занимава со корупција, вклучително и со злоупотреба на службената положба, перење пари и други незаконитости повеќе од една деценија односно од раните 2000-ти.

Од Министерството на финансии потсетуваат дека во 2022 година Камчев беше осуден во судскиот процес „Плацеви на Водно“ за учество во шема за перење пари поврзана со незакопснко купување земјиште, а признал вина во случајот „Империја“ каде станува збор за злосторничко здружување, измама, перење пари други кривични дела поврзани со неговите бизниси.

За двата случаи, тој веќе ги издржа затворските казни и од ноември лани е на слобода.

Дополнително, се посочува дека Камчев го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Северна Македонија. Во 2020 година, како што се нагласува во соопштението, шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева била обвинета за примање поткуп токму од Камчев и таа сведочела дека бизнисменот платил пари во замена да добие поволни услови во однос на приведувањата и исходот на случајот што се водеше против него.

„Камчев подоцна покрена граѓанска постапка против обвинителката и други лица тврдејќи дека тие изнудувале пари. Граѓанскиот суд во Скопје пресуди дека Камчев не е жртва и нема право на надомест на штета“,

се додава во соопштението.

После овој скандал кој на македонската јавност и е познат како случајот „Рекет“, се случи колапс на СЈО, а како резултат на тоа, констатираат американските власти, многу случаи на висока корупција кои СЈО ги истражуваше стагнираа и остануваат нерешени со што се одложува понесувањето одговорност од многу поединци кои се занимавале со корупција слично како Камчев.

Санкциите против бизнисменот Камчев значат дека целиот негов имот што го поседува во САД се замрзнува. Се блокираат и сите субјекти кои се во директна или индиректна негова сопственост, а во кои тој поседува барем 50 отсто, а се забрануваат и сите трансакции од други лица кои би можеле да го таргетираат и него.

Камчев е третиот кој само оваа година се најде на црната листа на САД. Вчера, беше објавено дека на листата е ставена и македонската компанија „Сајтрокс“ поради шпионски софтвер односно обиди да добијат пристап со информациски системи со цел да ја загрозат приватноста и безбедноста на поединци и организации низ светот.

Поради корупција како Камчев, пред точно еден месец на „црната листа“ заврши и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од ДУИ. За него американските власти соопштија дека присвоил средства и се мешал во судските и во другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на довербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија.

Во април 2022 година, пак, мета на американските санкции поради корупција и поткопување на владеењето на правото и демократските институции се најдоа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиркеторот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кои инаку, исто како Камчев беа осудени во предметот „Плацови на Водно“.

Во „Империја“, пак, опфатен беше Мијалков кој исто така призна вина и се спогоди со обвинителството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нобеловец против климатската хистерија

Следно

Исмет Гури заврши во притвор

Latest from Blog

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop