Нобеловец против климатската хистерија

July 19, 2023
1 min read

Др. Клаузер е еден од водечките светски авторитети за квантна механика, проучување на материјата и светлината на субатомско и атомско ниво. Во 2010 година ја доби наградата Волф за физика, втора најпрестижна награда за физика по Нобеловата награда. Неговите коментари ќе помогнат да се фрли дополнително сомневање врз и онака неточното но распространето тврдење дека 99% од научниците се согласни дека луѓето се главен фактор за климатски промени.

Клаузер смета дека климатската псевдонаука станала и жртвено јагне и компензација за широк спектар на други неповрзани проблеми. Таа беше промовирана и проширена од маркетинг агенции, политичари, новинари, владини агенции и екологисти.

„Според мене, не постои вистинска климатска криза. Меѓутоа, постои многу реален проблем со обезбедување пристоен животен стандард за мнозинството луѓе и со тоа поврзаната енергетска криза. Последново непотребно се влошува со погрешна климатска наука“, додава тој.

Тој не е првиот добитник на Нобеловата награда за физика што го оспорува „прифатениот“ научен и политички наратив за климатските промени. „Светската декларација за климата“ беше потпишана од околу 300 професори за клима и порачува : „Нема климатски вонредна состојба“. Главен потписник е нобеловецот професор Ивар Гиавер.

За климатските модели се вели дека „ни оддалекува не се веродостојни како алатки за глобална политика“. Тие го преувеличуваат ефектот на стакленички гасови како што е јаглерод диоксидот и го игнорираат секој корисен ефект. Науката за климата се дегенерира во дискусија заснована на верувања, а не на здрава самокритична наука, се вели во декларацијара.

Во 2019 година, исклучително наградуваниот професор Антонио Зичини предводеше група од 48 италијански научници кои заклучија дека човечката одговорност за климатските промени е „неоправдано претерана и дека катастрофалните предвидувања не се реални“. Според нивното научно гледиште, „природните варијации објаснувааат значителен дел од глобалното затоплување кое се забалежува од 1850 година“.

Неодамна, четворица италијански научници, вклучително и тројца професори по физика, направија голем преглед на историските климатски трендови и заклучија дека прогласувањето „климатска вонредна состојба“ не е поддржано од податоците.

Но затоа се избираат податоци кои му одговараат на наративот (тн cherry-picking) кој ја убедува јавноста дека мора глобално да се деиндустријализираме. Таканаречениот „климатски индустриски комплекс“ успеа некако да убеди многумина дека јаглерод диоксидот, гас неопходен за живот на Земјата што се издишува во секој здив, е еколошки отров.

Минатиот септември, водечкиот нуклеарен физичар Валас Манхајмер предупреди дека фамозниот „Нет Зеро“ќе стави крај на модерната цивилизација. Тој тврди дека ветерната и сончевата инфраструктура ќе пропадне, тоа ќе чини трилиони и ќе им наштети на  огромни делови од животната средина.

Постои една интересна групација наречена „Коалицијата за CO2“ со седиште во Вирџинија која е составена од околу 120 научници и истражувачи од широк спектар науки за климата. Неодамна, во нејзиниот одбор влезе нобеловецот Клаузер.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јужноафриканска Република: Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург

Следно

Зошто Камчев се најде на „црната листа“ на САД: Интензивно се занимава со корупција вклучително и перење пари од раните 2000-ти

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop