Зоран Николовски со порака до СДСМ и „Поинаку“: Доволно е!

October 17, 2025
1 min read

Мојата визија за Битола коинцидира со мојот сон за Битола. Сонот што секојдневно го сонувам за поубава Битола, вели во обраќањето до јавноста Зоран Николовски независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од Левица.

Обраќањето ви го пренесуваме во целост:

-Мојата Битола во која ќе функционираат сите сегменти  од секојдневното живеење. Мојата Битола каде што и (навидум) најсложените процеси, ќе се одвиваат едноставно, вообичаено, секојдневно.

Битола не е главен град на Македонија,…..се уште, ама затоа е главен град на сите градови во Македонија.

И во името на Битола, (и само Битола), ги замолувам СДСМ да не ја ослободуваат Битола, бидејќи кога последниот пат кога ја “ослободија” Македонија, од Македонија не остана ни име, ни презиме. Остана само паролата “Респект Дубаи”. А КУД „Поинаку”, од срце ги замолувам “Да (НЕ) си ја враќаат Битола”, бидејќи доволно долго ја враќаат Битола, тоа го прават цели 12 години. Сега е време да им ги прекинеме нивните регресивни и деструктивни потреби, и Битола со големи чекори да оди само напред….

Битола со уредени и осветлени улици и булевари, Битола со инфраструктурни проекти, урбанистички решенија и капитални зафати, налик на светските метрополи. Битола еколошки чиста и хортикултурно уредена – расцветана. Битола со  почит кон сите старосни групи, а со особена грижа за лицата со попреченост. Битола со повеќе туристи од жители. Битола со детски игралишта, паркови и спортски објекти.

Битола има непроценливо минато, а сега е време да и дадеме иднина. Иднина што ќе и го врати сјајот на Битола, а нам, нам ќе ни ги врати надежта и насмевките.

Ова не е моја кампања, ова е наша заедничка битка за најубавиот град – Битола !

А промените во локалната самоуправа ќе се случат неминовно, а ќе започнат со првиот глас – со твојот глас!

Време е за АРХИТЕКТ!

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија во Букурешт – се урна станбена зграда, има загинати

Следно

Коњановски оствари средба со воените ветерани од Битола

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop