Коњановски оствари средба со воените ветерани од Битола

October 17, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со членовите на Здружението на воени ветерани „БРАТСТВО 2001“. На средбата, Коњановски истакна дека овие храбри луѓе со својата пожртвуваност и патриотизам ја бранеа татковината и дека нивниот придонес кон општеството не смее да биде занемарен.

„Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат ветераните, за нивната улога во општеството и за потребата институциите да им дадат заслужено внимание и поддршка“, рече Коњановски. Тој нагласи дека жртвата на ветераните е жив доказ за љубовта кон Македонија и за значењето на заедништвото, додавајќи дека општеството има обврска нивната жртва никогаш да не биде заборавена.

Средбата беше искрена и пријателска, а Коњановски истакна дека ќе продолжи да се залага за поддршка и подобрување на условите за воените ветерани во Битола.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зоран Николовски со порака до СДСМ и „Поинаку“: Доволно е!

Следно

Никако да се опорави: Палмер ќе биде надвор од терените уште 6 недели!

Latest from Blog

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop