ЗНМ: МВР да не го попречува правото на работа на новинарите

February 3, 2023
1 min read

Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, ЗНМ потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување така и денеска.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје.

-До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои биле спречени при вршење на професионална работата на јавен простор околу црквата Св. Спас каде се наоѓаат моштите на Гоце Делчев. На прашањето зошто не смеат да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката. Бараме од МВР да овозможи пристап и да не го попречува правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи, на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање. Со почит кон безбедносните протоколи и проценки на МВР, укажуваме дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно ускратени за информациите кои се поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес, порачуваат од ЗНМ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

25 модератори добија серитификати – ќе бидат комуникација помеѓу општинските власти и граѓаните

Следно

Проекти за урбанизација на Илинден: Нови улици, кружен тек, детска градинка…

Latest from Blog

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Реакција на движењето ВЛЕН: Партијата прогласена за „Non Grata“ од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во институциите на државата. Со клевети се обидуваат да ги прикријат своите неуспеси за време

Карди Би ослободена од обвиненија за напад во 2018 година

Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV. Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога

Жестока тепачка на грчки остров: Се степаа пијани туристи, настрадаа полицајците (ВИДЕО)

Видео објавено на Фејсбук покажува жестока тепачка помеѓу пијани туристи и полицајци кои се обидоа да воспостават ред, објави Прототема. Сè започна кога две групи Италијанци влегоа во жестока расправија, а викањето
Go toTop