Проекти за урбанизација на Илинден: Нови улици, кружен тек, детска градинка…

February 3, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски гостуваше на утринската програма на „МТВ“ при што зборуваше за проектите кои треба да се реализираат годинава.

Како главни проекти кои ќе ги реализираме во текот на 2023 година, Георгиевски ги издвои следниве:

– Ќе продолжи изградбата на фекалните линии и приклучоци во повеќе населени места

– Изградба на нов кружен тек во Илинден, на спојот на улиците „2“, „8“ и „9“

– Реконструкција на дел од патот Илинден- Хиподром (делот кој е катастарски во нашата општина) во должина од над 700 метри.

– Започнати се постапките за реконструкција на патот Миладиновци-Бујковци во должина од 1.500 метри

– Втора фаза од проектот за реконструкција на ул. „532“ кој се реализира со средства од Светската банка

– Инвестиции за реконструкции во водоводните мрежи, како и изградба на нова лабораторија за ЈКП “Водовод“

– Набавка на нова опрема, возила и машини за потребите на ЈКП „Илинден“

– Доизградба на детската градинка во Илинден со зголемување на капацитетите

– Реконструкција на покривот на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

– За првпат во општината ќе даваме субвенции за граѓаните за купување велосипеди

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗНМ: МВР да не го попречува правото на работа на новинарите

Следно

Наградата „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop