ЗНМ до политичарите: Покажете емпатија, бидете транспарентни, почитувајте ги новинарите и избегнувајте политизирање трагедии

March 17, 2025
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) издаде важни упатства за политичарите како да комуницираат со медиумите и новинарите во време на трагични настани. Препораките имаат цел да промовираат одговорна и чувствителна комуникација во вакви тешки моменти.

Покажете емпатија и човечност
-Изразете сочувство искрено, а не само со подготвени изјави.
-Покажете разбирање и почит кон семејствата на жртвите.
-Вашиот тон и говор на телото треба да одразуваат загриженост.

Бидете транспарентни и давајте јасни информации
-Споделувајте точни информации на време, дури и ако се ограничени.
-Објаснете што се знае, што се истражува и кога ќе следуваат нови информации.
-Ако се направени грешки, признајте ги и објаснете како ќе бидат исправени.

Почитувајте ги новинарите и нивните прашања
-Одговарајте директно и не покажувајте непријателски став.
-Дозволете дополнителни прашања и покажете трпение.
-Ако нешто не знаете, признајте го тоа, наместо да шпекулирате.

Објаснете ги следните чекори без да ја политизирате трагедијата
-Кажете кои итни мерки се преземаат за да се реши ситуацијата.
-Смирете ја јавноста со факти, а не со празни ветувања.
-Фокусот треба да биде на жртвите и нивните семејства, а не на политички интереси.

ЗНМ претходно исто така издаде совети за тоа како политичарите да избегнуваат несоодветно однесување во моменти на трагедија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Следно

Тошковски: Нема да има милост за никого!

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop