Тошковски: Нема да има милост за никого!

March 17, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вечерва изјави дека „осомничени досега се повеќе од 20-тина луѓе, согласно последните информации кои ги добив за најголем дел од нив веќе се извршени разговори со истите. Дел од тие веќе се во притвор, дел од нив се од луѓето коишто биле во рамки на овој објект како повредени и дел од нив исто така во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден по насока на Јавен обвинител ќе постапуваме и ќе бидат спроведени согласно закон до надлежен судија по претходна постапка за оние кои Јавното обвинителство ќе оцени дека треба да бидат така процесиуирани“.

Министерот истакна дека досега се констатирани основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 292 од КЗ.

Тој потенцираше дека нема да има милост за никого и секој еден ќе одговара.

„Нема да има буквално милост за никого, секој еден којшто допринел директно или индиректно, посредно или непосредно во рамки на оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија заради којашто плаче секој еден Македонец ќе одговара. Нема да е како досега во случаите“, рече Тошковски вечерва на телевизија Сител.

Министерот Тошковски укажа дека многу недобронамерници на оваа земја пробуваат да ја дефокусираат и манипулираат јавноста.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ до политичарите: Покажете емпатија, бидете транспарентни, почитувајте ги новинарите и избегнувајте политизирање трагедии

Следно

Премиерот Мицкоски ќе ги посети повредените во ГОБ „8 Септември“ Скопје

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop