„ЗНАЕШ КОЈ ТИ ПОМОГНА ДА ИЗБЕГАШ И КОЈ ЛОБИРАШЕ ДА ТЕ ВРАТАТ, ПОМОГНИ СЕГА“ Дали смс пораки со ваква содржина се испраќани од човек на ДУИ до унгарски мобилен телефон?

August 28, 2025
1 min read

Во партијата ВЛЕН добиле потврда дека пред неколку недели имало панична комуникација на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначаник на скопската општина Чаир, брифираат партиски извори за Плусинфо.

Имено, првакот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку недели испратил емисари кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, за да прашаат дали кандидатурата на Бујар Османи за Чаир – со висок ризик да изгуби и тоа да значи крај на политичка кариера на поранешниот министер за надворешни работи – може да се смета за јасен сигнал дека ДУИ е подготвен за внатрешни реформи после локалните избори.

Извори на Плусинфо тврдат дека од Бујар Османи бил криен негативниот одговор, вклучително и сите детали од аргументацијата. Во ДУИ стравувале дека Османи би можел да си ја навлече аурата на лузер или дури и да се пишмани пред рокот за поднесување на кандидатури утврден од ДИК.

На големо се шпекулура дека Османи во приватни кругови искрено споделил дека направил погрешна проценка за кандидат за Чаир, особено откако на терен станал свесен дека гласачите не му се наклонети нему и на ДУИ генерално, тврдат бриферите.

Во меѓувреме, во централата на ДУИ се преминало на планот Б. Наводно, некој од штабот на Бујар Османи на унгарски мобилен телефон испраќал смс-пораки со следната содржина: “Не заборавај кој те пренесе во Албанија, помогни му на Бујар, знаеш колку сакаше да те врати во Македонија кога беше министер за надворешни”!

Во очекување сме Османи и ДУИ да ги коментираат овие гласини, особено за линијата Мала Речица – Будимпешта.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ

Следно

Највисокиот мост во светот успешно ги помина тестирањата – ќе ги руши сите рекорди

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop