Мицкоски: Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ

August 28, 2025
1 min read

Големиот христијански празник Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ, посочува премиерот Христијан Мицкоски во честитката до верниците по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

– Денеска го славиме големиот христијански празник Голема Богородица – ден исполнет со вера, духовна сила и заедништво. Овој празник нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ. На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Истовремено тој им го честита и празникот на рударите.

-Во истиот ден, со посебна почит им оддаваме признание и на нашите рудари, чиј труд е темел на индустрискиот развој и енергетската стабилност на државата. Вие, со вашата напорна и чесна работа, оставате трајна трага во изградбата на Македонија. Владата останува посветена на подобрување на условите за работа, безбедноста и достоинството на секој рудар, затоа што вашата жртва и ангажман се од национално значење. Нека овој ден ни биде потсетник дека со вера, труд и заедништво ја градиме иднината на нашата татковина, посочи премиерот Мицкоски.

На сите православни христијани им посакува благословена и мирна Голема Богородица, а на сите рудари – среќен и честит празник со желби за безбедна и плодна година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

13. издание на „Pelister Downhill Cup“ на Копанки

Следно

„ЗНАЕШ КОЈ ТИ ПОМОГНА ДА ИЗБЕГАШ И КОЈ ЛОБИРАШЕ ДА ТЕ ВРАТАТ, ПОМОГНИ СЕГА“ Дали смс пораки со ваква содржина се испраќани од човек на ДУИ до унгарски мобилен телефон?

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop