Значителна штета на зградата на Иранската државна телевизија по израелските напади

June 19, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – На зградата на Иранската државна телевизија е предизвикана значителна штета по израелските напади врз Техеран, јавува Анадолу.

Анадолу ги документираше последиците од израелските напади врз седиштето на радиотелевизијата на Исламската Република Иран во Техеран, познато и како „Стаклена зграда“.

На снимката се гледа голема штета и на внатрешниот и на надворешниот дел на објектот, кој сега е во урнатини.

Во понеделникот израелската армија целеше на зградата на иранската телевизија при пренос во живо, објавија иранските медиуми.

Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека израелската армија извршила напад врз Иранската национална телевизија додека таа емитувала во живо.

Нападите предизвикаа прекин на преносот.

Иранската државна телевизија продолжи со емитување по краток прекин, емитувајќи од различни студија по израелските воздушни напади, според иранските медиуми.

Неколку медиуми објавија видеа од последиците од нападите.

Претходно израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека државната радиотелевизија на Иран „е на праг на исчезнување“.

Неколку лица од персоналот се повредени, извести полуофицијалната новинска агенција Тесним.​​​​​​​

Регионалните тензии ескалираа од петокот кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.

Во Иран се загинати 639 лица, а повеќе од 1.329 се ранети во израелските напади, според извештаите на иранските медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Случаите на Мерко при крај – утре пресуда за незаконското именовање на директори

Следно

СДСМ го осудува насилните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop