Златните спортисти на ЛОИ ќе земат по 50.000 евра на Игрите во Париз

April 12, 2024
1 min read

Светската атлетска федерација соопшти дека на победниците во сите атлетски дисциплини на Олимписките игри во Париз ќе им бидат доделени по 50.000 долари.

Наградниот фонд од 2,4 милиони долари е обезбеден од парите што на Федерацијата и ги уплати Меѓународниот олимписки комитет, се вели во соопштението.

Победниците во секоја од 48. атлетски дисциплини во Париз ќе добијат по 50.000 долари, а истата награда е планирана и за победниците од штафетните трки, кои таа сума ќе ја поделат меѓу себе.

Воведувањето парични награди за освојувачите на златни олимписки медали е клучен момент за атлетиката, ја нагласува нашата посветеност за зајакнување на спортистите и ја препознава клучната улога што ја играат спортистите во успехот на Олимписките игри, истакна претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првични неофицијални информации за пукањето во Тетово

Следно

Денеска е Преподобен Јован Лествичник

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop