ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ВО ЗНАКОТ НА БИТКАТА МЕЃУ „БАРБИ“ И „ОПЕНХАЈМЕР“

January 6, 2024
1 min read

Со девет номинации, хитот од светските киноблагајни „Барби“ води на листата за доделувањето на 81. Златни глобуси на 7 јануари, со што почнува сезоната на филмски награди. Глобусите ќе се доделат на најдобрите во филмот и телевизијата според гласовите на околу 300 новинари од целиот свет. Ова е новина од минатите години, кога околу 80 лица ги избираа победниците.

„Барби“, во режија на Грета Гервиг и со Марго Роби во главната улога, се очекува да победи во категоријата за најдобар филмски мјузикл или комедија, а историската драма „Опенхајмер“, со осум номинации, е фаворит за најдобра филмска драма. Приказната за човекот зад атомската бомба се натпреваруваше со „Барби“ во текот на летото во судир на киноблагајнитре наречен „Барбенхајмер“.

„Барби“ е филм со најголема заработка во 2023 од 1,4 милијарди долари. „Опенхајмер“ заврши на третото место со 952 милиони долари.

Роби и Рајан Гослинг, кој го играше момчето на Барби, Кен, се номинирани за најдобри актери, исто како и Килијан Марфи, кој го толкуваше Џ. Роберт Опенхајмер, и неговиот колега Роберт Дауни Џуниор.

Леонардо ДиКаприо, Роберт де Ниро и Лили Гледстон се борат за актерските награди за улогите во „Убијци на Цветната месечина“, филмот на Мартин Скорсезе за убиството на домородните Американци во 1920-тите во Оклахома.

Бредли Купер е во трката за најдобар актер и најдобар режисер за биографскиот филм „Маестро“ за диригентот Леонард Бернштајн.

Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд за најголем број номинации за Златен глобус, 33, со номинацијата за улогата во серијата „Само убиства во зградата“. Хит-серијата на Ејч-Би-О, „Следоред“ (Succession) има девет номинации.

Златните глобуси се првото големо доделување на награди откако лани Холивуд претрпе два жестоки штрајка од сценаристите, потоа и од актерите. Поради штрајковите и прекините на работата, со месеци беше затворена филмската и телевизиската продукција, како и многу настани на црвениот килим.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На патарина во Тетово приведени двајца државјани на Албанија при транспорт на дрога вредна 10.000 евра

Следно

Алтернатива: Да се одземе лиценцата за работа на компанијата што го обезбедува М-НАВ

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop