Златна шолја за чај вредна 65.000 долари украдена од стоковна куќа во Јапонија

April 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Златна шолја за чај вредна околу 10 милиони јени (65.000 долари) беше украдена вчера од стоковна куќа во Токио, пренесува Анадолу.

Властите во моментов трагаат по виновникот, објави јапонската државна телевизија НХК (NHK).

Полицијата соопшти дека шолјата од цврсто злато била прикажана на промотивен настан за златни предмети на 8-миот кат од познатата продавница на Такашимаја во областа Нихонбаши во Токио.

Шолјата била поставена во витрина, но била оставена отклучена.

На снимката од надзорните камери се гледа машко лице како ја зема шолјата и ја става во својот ранец.

Властите рекоа дека лицето изгледало како да е на возраст од 20 до 30 години, носело очила, сив дуксер, црни панталони и сив ранец.

И покрај присуството на обезбедување во просторот каде што се одржувал промотивниот настан, кражбата е забележана дури 20-тина минути откако се случила.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Полицијата го пронајде возилото од кое било пукано синоќа во Тетово

Следно

Туркије го осуди израелскиот напад врз репортерската екипа на ТРТ Арабик во Појасот Газа

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop