Златна лира 2023: Концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано

October 21, 2023
2 mins read

Вторник, 24 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА – мецосопран
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ – пијано

За програмата
Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен – Санс и Саверио Маркаданте.

За уметниците
Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум.

Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска: Нема зошто да се извинувам, борбата против мафијата и тефтерчињата од минатото е најтешка

Следно

Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop