ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРКАТА ЏУДИТ КАУФМАН ЗА „НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА“

September 28, 2024
2 mins read

Kинематограферката Џудит Кауфман ја освои Златната Камера 300 за филмот номиниран за Оскар „Наставничка канцеларија“ на германскиот режисер Илкер Чатек на 45. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој заврши синоќа во Битола.

Сребрена Камера 300 доби Ранабир Дас за филмот „Сè што замислуваме како светлина“ на индиската режисерка Пајал Кападија, за кој жирито рече дека станува збор за мошне иновативна и интересна презентација. Бронзена Камера 300 освои Расмус Видебек за филмот „Ветена земја“ на данскиот автор Николај Арсел, за неговото мајсторско толкување на денешницата, а посебно признание во главната селекција му е доделено на Пабло Лозано за филмот „Хроники на една скитничка светица“ на аргентинскиот режисер Томас Гомес Бустилјо.

Наградите ги додели жирито на чело со австралискиот кинематографер Џон Сил, и колегите кинематографери Ањес Годар од Франција, Џевахир Шахин од Турција, Биргит Гудјонсдотир од Исланд, како и македонски режисер и сценарист Владимир Блажевски.

„Ова беше многу тешка одлука. Сите филмови беа со многу интересна фотографија поради што многу ни беше тешко да одлучиме. Откривме дека филмот ‘Наставничка просторија’ имаше многу добра кинематографска поддршка и одржуваше многу добра и конзистентна слика која ја маѓепснички ја прикажа драмата во сценариото“, рече Сил честитајќи им на наградените.

Од сите лауреати во Битола синоќа беше само Пабло Лозано, кој се заблагодари за можноста да биде дел од Фестивалот „Браќа Манаки“ и му се заблагодари на својот тим со кој работеле на филмот. Наградата му ја врачи министерот за култура, Зоран Љутков.

Фестивалот затвори со македонската премиера на „Убиј ги прво децата“, дебито на Димитар Оровчанец. На прес-конференцијата пред проекцијата во Битола кинематограферот на филмот Владимир Самоиловски рече дека учеството на фестивалот на кинематограферите за него е значајно, а снимањето на филмот предизвик.

Режисерот Оровчанец со екипата на филмот на прес-конференцијата во Битола. (Фото: ИФФ Браќа Манаки)

„Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, режисерот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња….многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме, бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме“, рече Самоиловски.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, филмот е за млади, но не само за младите, рече екипата.

„Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите“, рече режисерот Димитар Оровчанец.

Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Играат и Aдриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Атанас Тановски, Марина Поп Панкова.Дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска. „Убиј ги прво децата“ во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“, со продуцентите Атанас Георгиев и Дејан Илиев, беше поддржан со 20 милиони денари (325 илјади евра) на Конкурсот во прв рок за 2020 на Агенцијата за филм, а се снимаше во 2022 во Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

Следно

Македонскиот долгометражен анимиран филм со светска премиера на фестивалот што го нарекуваат „Кан за фантастични филмови“

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop