Живковски: Со намалување на услугите на Катастарот, до милион евра ќе останат во џебот на граѓаните

February 2, 2025
1 min read

Во вечерашниот поткаст, „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ гостуваше директорот на Агенција на катастар за недвижности, Иван Живковски, кој говореше за сработените мерки и проекти во Aгенцијата. Како што вели тој, минатото раководство сакало да ги зголеми цените на услугите на Kатастарот за значителен процент, но за среќа сега на граѓаните драстично им се намалени цените за услугите кои ги нуди.

-Бев инспириран пред се од една фамозна одлука на претходниот директор, со која што беа цените вртоглаво покачени на катастарот и по една опсежна анализа предложивме да се намалат цените дури до 75 проценти. Така да, тој тарифник е сега на сила, стапен е на сила, ги помина сите оние потребни филтри, истакна Живковски и додаде дека заштедата со новите цени, ќе достигне милион евра, пари кои што ќе останат во џебот на граѓаните.

Живковски се осврна на заостанатите предмети и процеси кои што ги затекнал во институцијата, каде што напомена дека над 6000 предмети биле оставени нерешени.

-Веднаш направивме еден координативен состанок и донесовме одлука дека тоа треба под итно да се заврши. Епилогот од тоа беше дека се работеше прекувремено, во саботи, се остануваше и подоцна од предвиденото работно време и во моментов имаме само тековни предмети кои што како стигнуваат така се решаваат, појасни тој и додаде, „Само во ноември месец имаме речиси 95 илјади предмети кои што се решени на ниво на цела Република Македонија. Тоа е една бројка која што е многу сериозна и никогаш претходно се нема случено’’.

Директорот на Катастар, даде своја визија за работењето во институцијата која ја подели во две фази.

-Првата насока е дигитализацијата, зголемување на овие услуги, кои што ги напоменав, брза и ефикасна услуга, што значи нели да не се чека со недели, па и месеци, потенцираше Живковски и додаде, „Другиот аспект е нула корупција, затоа и започнавме една кампања во првите два месеца, а кампањата беше и сеуште трае „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“.

Живковски на крајот на поткастот, даде едно резиме за тоа што е направено изминативе 6 месеци откако тој е директор на Агенцијата на катастар за недвижности.

Тој меѓу главните карактеристики ги истакна реорганизација на седиштето на Агенцијата и центарот Скопје, намалувањето на тарифникот, отворање на општински подрачја, обуки за вработените, нова платформа за добивање на електронски услуги и проектот за нула корупција.

-Морам да констатирам дека Катастарот е една од институциите што во најголема мера е дигитализирана. Како Агенција за катастар имаме повеќе од 140 виртуелни услуги, трет најголем оперативен систем во Македонија сме, покрај Царина и УЈП, трети сме ние, истакна Живковски за дигитализацијата и заклучи за проектот нула корупција.

„-И секако, морам повторно да напоменам, кампањата која што ни е во тек и дава многу добри резултати, „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, ќе продолжи и понатаму. Ќе продолжиме да се бориме максимално со сите обиди за корупција. Ако едноставно сакаме да одиме напред, тоа мораме како термин и поим да го заборавиме, рече Живковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Спасувачки акции на Шара – еден планинар колабирал, други пет се изгубиле!

Следно

Мирно и без инциденти помина протестот „Кој е следен“ во чест на загинатата Фросина Кулакова

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop