Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“

January 18, 2024
1 min read

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.

 

Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен.

Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети.

Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање.

Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дишеме опасни материи, загадувањето на воздухот го мерат „двајца без тројца“

Следно

„Катимерини“:Грција блокирала одбранбен договор ЕУ-Албанија, поради случајот со градоначалникот

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop