Жерновски: Мицкоски е одговорен за блокадата на извештајот во Европскиот парламент

June 26, 2025
1 min read

Во пресрет на вечерашната дебата во „Топ Тема“, на официјалниот Инстаграм-профил на ТВ Телма беше објавен исечок од изјавата на Андреј Жерновски, член на раководството на СДСМ, кој се однесува на спорниот извештај за Македонија во Европскиот парламент.

Жерновски ја оцени целата ситуација околу извештајот како „аматерска и непотребна“, алудирајќи дека проблемите не произлегуваат од содржината на документот, туку од начинот на кој бил комунициран во јавноста. Тој го посочи премиерот Христијан Мицкоски како директно одговорен за реакцијата на бугарските пратеници и последователната блокада.

„Документот првично беше сосема ОК и ќе поминеше, сè додека, како што кажаа бугарските пратеници, еден политичар не излезе со коментари во јавноста. Тој човек има име и презиме и функција – Христијан Мицкоски, премиер на нашата држава,“ вели Жерновски во исечокот.

Тој додаде дека, откако изјавите станаа јавни, се активирале не само бугарските пратеници туку и Европската народна партија (ЕПП), што довело до блокирање на усвојувањето на извештајот.

Жерновски го доведе под прашање и наративот за наводна заштита на идентитетот, истакнувајќи дека македонскиот идентитет е „веќе зацврстен и неприкосновен“.

Целосната дебата меѓу Андреј Жерновски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ ќе се емитува вечерва во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК

Следно

83-годишна жена од страна на едно лице измамена за 30.000 евра

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop