Женски хор „Менада“ од Северна Македонија одржа концерт во Истанбул по повод 11 Октомври

October 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – „Менада“, познатиот женски хор на Северна Македонија, се сретна со љубителите на музиката во Туркије во католичка ерменска Катедрала на Пресвета Богородица во истанбулската населба Бејоглу, известува Анадолу.

На концертот што се одржа во соработка со Здружение на Истанбулската филхармонија присуствуваа Диме Ратајкоски, директор на Центарот за култура на Северна Македонија во Туркије, Јован Манасијевски, амбасадор на Северна Македонија во Анкара, Идрис Фазлиоски, генерален конзул на Северна Македонија во Истанбул, Арманд Шандро, генерален конзул на Албанија во Истанбул и Есма Лајиќ, член на Управниот одбор на Здружението на истанбулската филхармонија.

Диме Ратајкоски, директор на Центарот за култура на Северна Македонија во Туркије пред концертот за АА рече дека хорот „Менада“ е познат женски хор во Северна Македонија и додаде:

„Слободно можам да кажам дека тие се вистинските амбасадори на македонската хорска музика од 1981 година. Мислам дека ќе биде успешен концертот што ќе се одржи под палката на диригентот, маестро Ивица Зориќ пред истанбулската публика и дека турската публика ќе го има тоа задоволство, покрај македонската духовна музика, да ја слушне и православната музика од различни претставници од повеќе православни земји.“

– „Турско-македонските односи се градат на доверба и меѓусебно почитување“

Македонскиот амбасадор во Анкара Јован Манасијевски во своето обраќање пред концертот на турски рече: „Добредојдовте на сите“ и „Чест и задоволство нѝ е што сите ве угостивме заедно да го прославиме нашиот национален ден, Денот на македонското востание. Овој ден го славиме во сеќавање на вековниот копнеж и слава на македонскиот народ кон неговата држава и независност. Турско-македонските односи се градат врз многу цврсти темели на доверба и меѓусебно почитување.“

Есма Лајиќ, член на Управниот одбор на Здружение на Истанбулската филхармонија, рече дека соработуваат со Центарот за култура на Северна Македонија долги години и додаде:

„Културата и уметноста се мост на пријателство меѓу народите. Врз основа на тоа, овие уметници на класичната музика од Северна Македонија благодарение на Центарот за култура на Северна Македонија во Туркије имаат настап во Истанбул, што е пример за добрата соработка меѓу двете земји“.

– Женскиот хор „Менада“

Хорот Менада е основан во 1981 година од маестро проф. Ивица Зориќ во градот Тетово.

Зориќ го водеше хорот од неговото основање, обезбедувајќи „Менада“ да има истакната репутација на меѓународната сцена и стана познат како „Светски амбасадори на македонска хорска музика“.

Хорот „Менада“ покрај духовна музика, во својата програма изведува и популарни македонски народни песни.

Комбинирајќи ги светите и традиционалните елементи, хорот ја отсликува богатата културна и музичка ризница на Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адеми: Измислиле моја лажна мејл адреса и праќаат лажни пријави на други лица

Следно

Муртезани за ТВ 24: Мора да се заштитиме од акцискиот план и протоколот

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop