Желјазков на средба со Џафери – „РСМ да го запре говорот на омраза и да ги внесе Бугарите во Уставот“

November 14, 2023
1 min read

реклама


Македонија да постигне потребно мнозинство за усвојување на уставните измени и со тоа да ги почне преговорите, порача претседателот на бугарското Собрание Росен Желјазков кој е во посета на земјава на покана на претседателот на Собранието Талат Џафери. На заедничката изјава во македонското Собрание Желјазков не пропушти темата околу говорот на омразата да ја префрли кон Македонија и притоа да посочи дека треба да ги почитуваме правата на бугарската заедница. Ваквите пораки на Желјазков пристигнаа кога и бугарската потпретседателка Илијана Јотова вчера испрати жестоки критики кон Македонија за создавање на говор на омраза кон Бугарија.

„Јасно е дека има мнозинство, кое во моментов е недоволно  но како што вчера истакнав, кажав една мисла дека државниците мислат за идните поколенија а политичарите мислат за следните избори. , треба да се спротивстави на јазикот на омразата а гаранцијата за тоа е активно придржување кон правата на бугарската заедница, како и промената на Уставот е дел од тој пат“, вели Росен Желјасков.

реклама

Претседателот на Собранието Талат Џафери во разговорите со својот бугарски колега објаснил дека Македонија е во процес на уставни измени, иако тој пат е блокиран поради несогласувањето на опозицијата да ги поддржи тие измени.

„Во тек е завршувањето на фазата на скринингот на нашето законодавство, а во процес сме и на промена на Уставот за што ни е потребно обезбедување двотретинско мнозинство. Во однос на билатералните односи се согласивме дека мора да се промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење меѓусебна доверба за да се постигнат резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните“, порача Талат Џафери.

реклама

Желјазков во рамките на посетата на земјава положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Свети Спас, а во Археолошкиот музеј пак заедно со Џафери  ја отворија  изложбата Сребрена Тракија.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата дама на Туркије ќе биде домаќин на самитот за поддршка на Палестина

Следно

Хамас планирал и втор напад на 7 октомври

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop