Железничаритe се закануваат со целосна блокада на железничкиот сообраќај

January 28, 2024
1 min read

Синдикалната подружница на работилницата на влеча на возови во Скопје се заканува со целосна блокада на железничкиот сообраќај. Работниците се жалат дека поради тоа што немаат греење во работните простории, што се случува втора година по ред, нивното здравје е нарушено. Во работилницата се сервисираат и се поправаат возовите пред да бидат пуштени во сообраќај.

Велат дека се принудени да работат во нехумани услови, без греење, а една третина од работниците се на боледување. Дополнителен проблем е што им доцни декемвриската плата.

Сметаат дека тоа што им се случува е последица од неодговорното работење на раководството на „Македонски железници – Транспорт“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тероризам или мафијашка пресметка?

Следно

Адам Силвер останува на челото на НБА

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите
Go toTop