Жал по УСАИД парите: Ордановски ја нападна владата на САД – Трамп е лажго, Џеј Ди Венс е на раб на неонацизам, а Маск е расист

February 20, 2025
1 min read

„Новинарот“   на ова запраша „Има ли некој што ќе може да му се спротистави на Трамп или цел свет во милост и немилост во следните четири години“, на што уште „поновинарот“ Ордановски одговори:

-Тие што ќе му се спротистават на Трамп треба да бидат внатрешните состојби во САД, најелабориран модел на демократија. На пример, федералните судии можат да му се спротистават и некои од нив веќе му се спротивставуваат. Нознаете како е. Федералните судии може да забранат, но јас како шеф на администрацијата не ја спроведувам нивната одлука. Нема кој да го принуди, нема ни судска пракса за тоа, зашто првпат се случува претседател да се однесува како крал. Околу него има неконвенционални ликови, како што е Елон Маск, кој што практично функционира како потпретседател на Америка… предупредувам на тоа дека треба да причекаме ова цунами да помине, бидејќи од се ова што досега го направи нема конкретни големи ефекти… Ја гази Европа зашто Европа му е главен идеолошки противник, тоа предизвикува огромни потреси во европските ситуации, се стави комплетно на страната на крајната деснца во Европа. Тој и неговите. од Маск па надолу, се со една реторика која наликува на неонацизам, многу наликува на поддршка на тој вид на струи…

Не кажа, колку пари од УСАИД ќарил минатите десетлетија…

Ордановски, не случајно, веројатно лут за прекинот на доток на парите, нанесе низа навреди за претседателот на Америка:

-Трамп е еден релативно лошо образован човек, во шеесетите има завршено економија на Универзитетот Пенсилванија, не бил брилијантен студент, а и тоа било некогаш, со многу мали широки култоролошки познавања од светот, од историјата, тотална тапа, исклучително нарцисоиден, мегаломан, со многу негативна енергија во него, со одмазда и практика на лажење.

Зборувајќи за демократијата во Европа Ордановски рече дека потпретседателот на САД Џеј Ди Венс рече дека е на раб на неонацизам.

За шефот на американскиот Оддел за владина ефикасност Илон Маск рече дека создава платформа на германските неонацисти и дека во суштина е расист.

За себе, пак, не кажа каде и што зџавршил и колку,пари од кого зел годиниве. Беше дел од ТВ1 на Боки 13, тоа да.

Ордановски, тресе од ракав и тврди дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за Украина разговарале само 5 минути. Преку договорот за минерали Трамп на најрекетарски начин се обидува да се наплати со многу стотици милијарди евра отколку што помгнал. Да ги видите условите, како да ти дојдат рекетари во кафеана и ти речат ќе ти ја запалиме кафаната ако не платиш рекет.

Понатаму коментира:

Путин за Трамп е како Гури, го има намачкано ко путер на леб.

Веројатно, сега сака пари од ЕУ која му е лута на Трамп кој му ги зема од УСАИД, едноставна пренамена на средства, велат граѓаните на социјалните мрежи. Веќе видено…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: И покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

Следно

За прв пат изведена сложена операција во Клиничката Болница во Битола

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop