ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ НАУЧИВМЕ ПОДОБРО ДА ЈА ПРОМОВИРАМЕ НАШАТА УМЕТНОСТ НАДВОР, КАЖА РЕЖИСЕРОТ СЛОБОДАН УНКОВСКИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОРДЕНОТ ЗА ЗАСЛУГИ

January 29, 2024
1 min read

Актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, и Рефет Абази, музичарот Ристо Вртев, писателката Оливера Николова и режисерот Слободан Унковски добија орден за заслуги од Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија во Филхармонијата.

„Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нашите уметници“, кажа Пендаровски на доделувањето на ордените.

На церемонијата не дојде писателката Оливера Николова. Во видеото снимено дома кај Николова која во март ќе наполни 88 години, таа кажа дека во нејзините години би требало да одмара, но уште ѝ “работи црвот“ и има желба да пишува.

„Благодарам за орденот за заслуги на претседателот Педаровски, за мојата повеќе од 50 годишна работа, а најмногу сум му благодарен на професорот по режија и промотор на македонската театарска уметност, Владимир Милчин“, рече режисерот Слободан Унковски. „Жал ми е што не научивме подобро како нашата уметност да ја промовираме надвор“, додаде Унковски.

Режисерот Слободан Унковски најмногу му се заблагодари на професорот Владимир Милчин, за промоција на македонската театарска уметност (Фото: Ѓ. Личовски)

„Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, најмногу на мојата сопруга која ги издржа сите овие 47 годни, и ме трпеше, затоа што не е лесно актер да трпите“, кажа Благоја Чоревски.

Музичарот Ристо Вртев рече дека досега добил многу естрадни награди, но оваа е особено важна, затоа што му дава смисол на сето она што го постигнал досега.

„Драго ми е што ги видов сите овие снимки од мене кои не се толку убави, но поубава сум во природа“, рече низ насмевка Бедија Беговска. Актерката кажа дека подготвила поголем говор кој сепак нема да го прочита. Беговска особено се изарадува што во голем број дојдоа нејзините колеги од Турскиот театар на кои посебно им се заблагодари.

„Благодарм за оваа награда која ја дoбив за едне минат труд којшто го изодев во овие 45 години. Горд сум на овој уметнички пат, но морам да кажам дека не ќе го изодев да не беа моите колеги кои ме поддржаа“, кажа актерот Ѓокица Лукаревски.

Актерот Рефет Абази рече дека кога во 1985 се запишал на Факултетот за драмски уметности, тој не избрал професија, туку животна мисија.

Церемонијата продолжи со настап на Никола Бочваров трио.

М. ЏАРОВСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вархеји: Црна Гора напредува, може да биде лидер на процесот на проширување на ЕУ

Следно

Артета вознемирен поради лажните вести за трансфер во Барселона

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop