Зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР, побара Спасовски

November 21, 2024
1 min read

СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР, за 20 проценти. Со ова ќе ги мотивираме безбедносните сили, кој секогаш се на првата борбена линија во која било криза со која се соочува државата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на комисијата за финансирање на буџет.

– Го поднесовме овој амандман затоа што во рамките на предлогот на буџетот нема сума на финансиски средства којашто обезбедува зголемување на платите. Според дописот кој го достави и македонскиот полициски синдикат, ѝ не информираа за состојбите на платите е и барањето, тие да се зголемат за 20%. Ова е прва и основна причина дека треба да се поднесе овој амандман“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека според направените анализи, секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти.

– Во изминатиот период од 7 години зголемувањето на платата беше 25 проценти, а во последните две години, кај полициските службеници за 10%. Треба да направиме се, и преку гласање на овој амандман, да покажеме дека имаме почит кон сите што е грижат за безбедноста и сигурноста во нашата земја. Никој не сака да разговара за овие служби кога условите се мирни, ама ако не вложуваме во полицијата во овој мирен период, многу скапо ќе платиме во време на криза, рече Спасовски.

Во моментот додека Спасовски зборуваше за амандманот, беше споделена информација дека се потпишува Колективен договор меѓу синдикатите за вработените во генералниот секретаријат на владата и во службата за општи и заеднички работи каде им се зголемуваат платите за 30 проценти.

– Ако навистина е сега ова зголемување очекувам да видам каква согласност ќе даде заемник министерот за финансии, но мислам дека нема основа да каже дека може за служба за општи и заеднички работи да има зголемување од 30 проценти, а да нема за полицијата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патувањето продолжува: Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Следно

ИВЗ со реакција: Неприфатливо е да не се консултира ИВЗ за оваа иницијатива, ниту да се бара согласност за нејзина трансформацијаl

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop