Зголемените плати, по празниците – културните работници најавија протест, без плати за Велигден

April 19, 2025
1 min read

Над 3.000 вработени во институциите од културата останаа без плата на најголемиот христијански празник Велигден. Покрај на социјалните мрежи, револтот ќе го искажат пред ресорното министерство. За вторник закажаа протестен Совет на кој ќе си ги бараат своите работнички права.

–Својот револт ќе го искаже во вторник во 12 часот пред Министерството за култура. Проблемот за платите настана кога требаше да биде усогласена мартовската плата согласно минималната плата според колективниот договор за култура. И како и до сега, изминативе години остануваат спорни 10-те проценти од општиот колективен договор за јавен сектор кои што се спорат само во секторот култура, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на РМ.

Од Синдикатот се сомневаат во „игри“ со платите, откако Министерството предложи да ја добијат платата без усогласувањето со минималната, а потоа да се договараат.

Од Министерството за култура соопштија дека вработените ќе добијат плата со потребното зголемување,после празниците.

-Вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор. Причините за доцнењето е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, велат од министерството за култура и туризам.

Од синдикатот најавуваат и правна битка за непочитување на Закон и Колективен договор. А најавуваат и кривични пријави доколку наредната недела не го добијат усогласувањето од 8,5 проценти со минималната плата.

-Ќе бидат поднесени тужби за ненавремена исплата на плати, како и секогаш за задоцнета исплата на плата согласно колективниот договор од 10-ти во месецот, наназад три години со парично побарување. И доколку се исплати платата без усогласувањето со минималната плата ќе се поднесат и кривични пријави за изготвувачите на таква незаконска плата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на РМ.

Над 120.000 вработени во јавниот сектор со мартовската плата требаше да добијат усогласување од 8,5 проценти со минималната плата, и околу 12 проценти зголемување на платите согласно Општиот колективен договор. Владата месецов ги повика Синдикатите на консултации, а зголемувањето од 12% со Општиот колективен договор речиси никој не го доби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опозицијата бара проширување на истрагата за пожарот во Кочани: Правдата не смее да биде селективна

Следно

Путин прогласи едностран 30-часовен прекин на огнот поради Велигден

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop