Земјотресот во Јапонија причина за смртта на 64 лица, многу луѓе заробени под урнатините

January 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати од земјотресот што ја потресе Јапонија се зголеми на 64, а голем број лица и понатаму се заробени под урнатините, пренесува Анадолу.

Потврдено е дека најмалку 64 лица загинале во префектурата Ишикава, сместена покрај брегот на островот Хоншу, објави „Кјодо њуз“ со седиште во Токио.

Премиерот на Јапонија, Кишида Фумио, соопшти дека се во „трка со времето за спасување животи“.

„Луѓето и понатаму се заробени во оштетените или урнатите згради. Владата ќе стори сѐ што може, поставувајќи го спасувањето животи за главен приоритет“, им рече премиерот на новинарите, пренесе јапонската јавна телевизија НХК.

Илјадници луѓе се евакуирани на побезбедни места.

Има голем број повредени во префектурите Ишикава, Нигата, Фукуи, Тојама и Гифу.

Многу подрачја сѐ уште се отсечени поради оштетувањата на патиштата и прекинот на транспортот, а Министерството за одбрана на Јапонија размислува за употреба на хеликоптери за да може да се транспортира хуманитарен материјал.

Државната агенција за метеорологија прогнозираше повремени врнежи од дожд до четврток.

Јапонија мобилизираше околу 10.000 војници за спроведување на операциите за потрага, спасување и давање помош.

Централна Јапонија на 1 јануари попладнето ја потресоа серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикувајќи голем пожар, а властите дадоа предупредување и за можно цунами.

Власта подоцна го укинаа предупредувањето за цунами.

Епицентарот на земјотресот беше во регионот на полуостровот Ното.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и официјално победник на парламентарните избори

Следно

Земјотрес синоќа во Албанија почувствуван во Гостивар и Тетово

Latest from Blog

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,
Go toTop