Земјотресите во Туркије досега одзедоа 7.108 животи

February 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 7.108 лица ги загубија животите од последиците на разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните региони на Туркије, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Анадолу.

„Во разорните земјотреси на југот од Туркије, заклучно со 10:35 часот по локално време, животот го загубија 7.108, а повредени се 40.910 лица“, соопшти АФАД.

АФАД информира дека на подрачјата зафатени од земјотресите распоредени се 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал, а поставени се 50.818 шатори.

– Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари 

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и во други региони.

Во земјотресите кои силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 2.530 лица, а 4.645 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Мерцедес“ прегази пешак кај Цементара

Следно

Кој живее во стан изграден од 2014 навака, мирно да спие, вели Гаревски за опасноста од земјотреси

Latest from Blog

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија носи побрзо движење и помалку гужви

„Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји. ВЛЕН

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката
Go toTop