Земјотрес во Словенија, се затресе и Хрватска

July 29, 2023
1 min read

Се затресе многу, прозорците се тресеа секунда-две, сведочи граѓанин на Хрватска

Земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала се случи вечерва во Словенија, објави Европско-медитеранскиот сеизмички центар.

Епицентарот бил на 15 километри од Илирска Бистрица (Словенија) и 23 километри од Риека (Хрватска). Длабочината на земјотресот била осум километри поради што бил почувствувал посилно.

Сеизмолошката служба во Хрватска објави дека тој се почувствувал на поширокото подрачје околу Риека во 19:34 часот.

„Бучава и вибрации околу 2-3 секунди“;

„Се затресе многу, прозорците се тресеа секунда-две“;

„Се почувствува прилично силно и доста долго траеше“,

гласат дел од коментарите на Хрватите, кои ги пренесува порталот „Индекс.хр“.

Според изјавата на сеизмологот Крешимир Кук за истиот портал, ова не е прв земјотрес последните 24 часа. Минатата ноќ околу 2 часот на неколку километри од вечерашниот бил регистриран уште еден.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска вечерва на „Скопско лето“

Следно

Вучиќ: Санкциите против Вулин се порака до мене, но со Србија нема да управуваат странци се додека сум јас претседател

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop