Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди Истанбул

April 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди Туркије, со епицентар во подрачјето на Силиври кај Истанбул, соопшти Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби, АФАД, јавува Анадолу.

Земјотресот се случи во 12:49 часот по локално време и силно се почувствува во Истанбул и соседните области, што ги натера исплашените жители да ги напуштат зградите.

Уште еден земјотрес со магнитуда од 4,9 степени се случи во 13:02 часот, со епицентар на брегот на Бујукчекмеџе во Мраморното Море.

АФАД соопшти дека сите релевантни институции и тимови за одговор се мобилизирани и вo тек се проверки на теренот за процена на потенцијалната штета и осигурување на јавната безбедност.

„Засега нема извештаи за уривања, а нашите релевантни единици продолжуваат со напорите за скенирање на теренот“, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Ги предупреди граѓаните да не влегуваат во објектите што се оштетени или за кои постои сомнение дека се оштетени поради потресите, да избегнуваат користење возила доколку не е потребно и да се воздржуваат од користење на мобилните мрежи освен во итни случаи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека надлежните внимателно го следат развојот на настаните.

Претседателот добил информации за земјотресите од министерот за внатрешни работи, министерот за животна средина, министерот за здравство, како и од шефот на АФАД и гувернерот на Истанбул, соопшти Дирекцијата за комуникации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

Следно

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop