Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Тајван

April 3, 2024
1 min read

Тајван рано утрово (3 април) го погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер. Ова е најсилниот земјотрес кој го погодил овој регион во последните 25 години.

Според противпожарната служба, најмалку седум лица загинале, околу 700 се повредени, а се стравува дека 77 лица се затрупани под урнатините.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Локалните медиуми јавуваат дека во зградите има заробени луѓе.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги санираат последоците од земјотресот, 3 април 2024 година

Спасувачките екипи се обидуваат да ги санираат последоците од земјотресот, 3 април 2024 година

Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7 часот и 58 минути по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.

Јапонскиот центар за земјотреси извести дека неколку мали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укинале предупредувањето за плима.

Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места.

Луѓе бегаат за да се спасат од земјотресот со јачина од 7, 2 степени што го погоди Тајван, 3 април 2024 година

Луѓе бегаат за да се спасат од земјотресот со јачина од 7, 2 степени што го погоди Тајван, 3 април 2024 година

Земјотресот бил почувствуван и во Шангај, Кина, велат очевидци. Кинеските медиуми јавуваат дека се почувствувал и во Фуџоу, Ксиамен, Куанжу и Нингде во провинцијата Фуџијан.

Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, најмалку 25 досега, велат жителите. Повеќе од 87000 домаќинства останаа без струја, а запрени се и брзите возови.

Државната новинска агенција соопшти дека тоа е најсилниот земјотрес од 1999 година, кога Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа околу 24 000 луѓе, а уништени или оштетени се 50 000 куќи.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши рокот за поднесување листи за пратеници за редовните избори на 8 мај

Следно

Земјотрес со јачина од 4,3 степени регистриран во Црна Гора

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop