Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата

January 7, 2025
1 min read

Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.

Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја потврди дека тестирала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел

Следно

ОН истражува можен хакерски пробив со кражба на податоци

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop