Земјотрес од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка

July 30, 2025
1 min read

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени по рихтеровата скала го погоди рускиот полуостров Камчатка, предизвикувајќи цунами кои го погодија регионот и Курилските острови.

Во дел од Камчатка на сила е вонредна состојба и почната е евакуација на околу 2500 жители. Бранови со висина од 3 до 4 метри се пријавени во регионот, 60 сантиметри кај јапонски остров Хокаидо, а бранови од 30 сантиметри се регистрирани на бреговите на алјаска. Руските власти потврдија дека неколку лица се повредени.

Сергеј Лебедев – министер за вонредни ситуации на Камчатка

„Нашите колеги од министерството за животна средина изјавија дека според нивните проценки, бранвите ќе достигнат висина помеѓу 3 и 4 метри. Апелирам сите да го избегнуваат крајбрежјето кога на сила е аларм за цунами.“

Иако првично нареди итна евакуација, јапонската влада го намали нивото на предупредување по земјотресот кој го погоди рускиот далечен исток. И во Јапонија не се пријавени значителни штети или жртви, но властите ги повикаа жителите да се држат подалеку од брегот, предупредувајќи дека ризикот може да трае подолго од еден ден…

Јошимаса Хајаши – државен секретар на Јапонија

„Жителите на оние региони каде на сила е предупредување за цунами, ве молам веднаш евакуирајте се на безбедно место..ги следиме сите пријави за жртви или материјална штета..“

Од Националната метеоролошка служба на САД потврдија дека бреговите на сојузните држави Калифорнија и Орегон ги погодиле бранови со висина од 1 метар…

Дејв Снајдер, координатор во Националниот центар за предупредување од цунами 

„Цунамито не е само еден бран. Тоа е серија моќни бранови во текот на долг временски период. Брановите го преминуваат океанот со брзина од стотици милји на час. Кога се приближуваат до брегот, тие забавуваат и почнуваат да се натрупуваат. И тука е најголемиот проблем.“

Веднаш по потресот и американската сојузна држава хаваи апелираше до жителите да се засолнат на безбедни локации и да ги избегнуваат крајбрежните делови на островите…иако предупредувањето е намалено, опасноста се уште постои 

Џејмс Барош – менаџер за управување со вонредни состојби на Хаваи

– Сакаме да се осигураме дека евакуацијата ќе биде безбедна и нема да се сосдаде паника..имаме доволно време да стигнеме на безбедно. Следете ги објавите кои ќе ги испрати вашата општина и видете кои се најблиски засолништа.

И Колумбија нареди евакуација долж крајбрежјето. Според Националната единица за управување со ризици од катастрофи во делови од земјата е наредено затворање на плажите и се воведуваат безбедносни мерки за морскиот сообраќај.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинение за мотоциклистот што усмрти пешак на пешачка патека и побегна

Следно

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop