ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново

April 2, 2024
1 min read

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија –ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, што се случи вчера на подрачјето на оваа општина.

Од ЗЕЛС преку соопштение наведуваат дека сите градоначалници упатуваат жалење и до семејствата на вработените во општината кои во моментот на грозниот чин биле во придружба на градоначалникот и им посакуваат брзо закрепнување.

-Ова не е прв пат во нашата земја да се посегне по животот на градоначалник, токму при извршувањето на неговите работни обврски. Затоа бараме надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на случајот со цел ова никогаш повеќе да не се повтори. Уште еднаш, остро ја осудуваме оваа насилна практика на изразување на незадоволство од работата на градоначалникот и бараме да ни се дозволи своите надлежности да ги спроведуваме низ институционални постапки и процеси, велат од ЗЕЛС.

Посочуваат дека ЗЕЛС останува и понатаму доследен на заложбите за продлабочување на процесот на децентрализацијата во нашата земја и спроведување на нови надлежности од страна на единиците на локалната самоуправа што ќе се извршуваат низ законски утврдени процеси и на транспарентен начин, со поддршка и во интерес на граѓаните.

Дежурен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство Скопје  вчера извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

Од Обвинителството посочија дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: „Снимките од болницата Шифа се доказ дека Израел сака систематски да го уништи палестинскиот народ“

Следно

Апел: Кога заедно ќе се фотографираат – да помислат…

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop