Зеленски за „Велт“: Ако Кина влезе во сојуз со Русија, ќе има светска војна

February 20, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното интервју за „Велт“ предупреди дека Кина не треба да ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина и рече дека ако Пекинг тоа го направи – ќе доведе до светска војна.

Коментарите на Зеленски дојдоа откако Кина рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања. Претходно, во текот на викендот, највисокиот американски дипломат го предупреди својот кинески колега да не испорачува оружје на Русија за потребите на нејзината војна против Украина.

– За нас е важно Кина да не ја поддржува Руската Федерација во оваа војна. Всушност, би сакал таа да е на наша страна, изјави Зеленски за германскиот весник „Велт“. – Меѓутоа, во моментов не мислам дека тоа е можно, рече украинскиот претседател.

– Сепак, гледам можност Кина да направи прагматична проценка на она што се случува овде, додава Зеленски. – Затоа што ако Кина влезе во сојуз со Русија, ќе има светска војна и мислам дека Кина го сфаќа тоа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата го предупреди највисокиот кинески дипломат Ванг Ји за последиците доколку Кина обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина и во интервјуто по нивниот состанок рече дека Вашингтон е загрижен дека Пекинг размислува за испорака на оружје за Москва.

Зеленски уште изјави дека Украина и дала на молдавската претседателка Маја Санду разузнавачки информации дека Русија планира државен удар во Молдавија.

– Маја Санду никогаш не ме праша за помош, но ми се заблагодари за информацијата. Таа е целосно свесна за нашата ситуација. Украина секогаш ќе биде подготвена да и помогне на Молдавија, додаде Зеленски за германското издание.

Кремљ денеска објави дека односите на Русија со Молдавија се многу затегнати и ги обвини молдавските лидери дека спроведуваат антируска агенда. Тоа се случи една недела откако Кишињев соопшти дека спречил руски обид за пуч. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите знаеле дека Бајден ќе дојде во Киев: Вашингтон ја контактирал Москва за да не дојде до директен судир

Следно

ПРОТЕСТ на здравствени работници од ГОБ „8 Септември“: Владата да ја сфати сериозно работата, за тоа за што се платени- здравството нема лекарства, починуваат пациенти

Latest from Blog

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион  долари. Голем дел од опремата се
Go toTop