Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

July 4, 2026
2 mins read

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни прилог.

Украинците се шокирани од веста дека Русите го заземале битниот град Константиновка (пред војната со 78.000 жители), главен металуршки центар во северен Донбас, кој е клучна сообраќајна и стратешка точка за освојување на последните два града во Донбас, Славјанск (118.000 жители) и Краматорск (147.000 жители).

Веста ја потврди руската страна со објава на снимка од дрон но, главната потврда стата од независниот Институт за проучување на војната  ISW од Вашингтон кој денес објави и мапа во која се гледа дека Контантиновка е во “жолта зона“ која обележува новоосвоени руски територии.

Константиновка е клучот за последното упориште на Киев во Донбас – агломерацијата Краматорск-Славјанск, објави Генералштабот на руската армија. Забележувајќи дека украинските сили ги симулирале резултатите, Генералштабот наведува дека непријателот претрпел катастрофални загуби во овој град – изгубиле 13.500 војници.

„Командата на украинската армија до последен момент бараше војниците да ја држат одбраната на Константиновка, обидувајќи се да ги убеди западните спонзори дека ситуацијата е под контрола. Градот сега е под целосна контрола на руската армија, која го завршува расчистувањето на населбите од преостанатите групи украински војници“, наведува Генералштабот.

Руските сили се борат во Николаевка и се наоѓаат на осум километри од периферијата на Славјанск. Руските единици што го ослободија градот сега се, заедно со силите на групата „Центар“, во офанзива за ослободување на Дружковка. Групата „Запад“ го завршува ослободувањето на Красни Лиман.

И оваа изјава на Рускиот генералштаб е потврдена денес од независниот ISW

„Украинските сили се потиснати неколку километри од Константиновка, а напаѓачките сили се борат на периферијата на Алексеевка и Дружковка“, се вели во соопштението.

Како што е наведено, Константиновка беше седмиот најголем административен центар на Донбас во однос на површината и населението на почетокот на 2022 година.

Од 2014 година, Киев го развива и зајакнува одбранбениот систем во градот по падот на градот Бахмут (Артјомовск), кој пред војната имал 71.000 жители.

Како изгледаше украинската одбрана

Украинскиот одбранбен систем се состоеше од две линии со повеќе од 150 километри бетонски заштити и ровови обезбедени со мински полиња.

Вооружените сили на Украина имаа повеќе од 80 сектори со разни пречки и 50 утврдени одбранбени јазли во Константиновка со постојан распоред на 15.000 украински војници.

„Втората одбранбена линија во Константиновка беше долга до 35 километри и беше изградена потпирајќи се на каскада од резервоари“, објави Генералштабот.

Украинскиот претседател Зеленски последниве две недели, воочи очекуваните одлуки за одобрување исплата на 90 милијарди евра од ЕУ и 140 милијарди евра од НАТО во пари и оружје за наредните три години се обидуваше да создаде победничка еуфорија и охрабрување за одлуките на спонзорите но, последните настани го демнатираат, особено што се потврдени од западните извори.

Токму во тој контекст пред два дена се појави изјава на пораешниот командант на украинската армија Валериј Залужни кој од Зеленски е разрешени и испратен за амбасадор во Лондон дека ќе се кандидира на наредните претседателски избори во Украина како противник на сегашниот претседател Зеленски

Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот за воена помош на НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), повикувајќи се на дипломатски извори. Ова го доведе во прашање продолжувањето на обврските за финансиска поддршка за Киев за следната година, пишува „The New Voice of Ukraine

По сите овие настани еуфоријата на Зеленски станува контрапродуктивна на него: јавноста е разочарана од падот на Константиновка и скориот пад на уште две важни стратешки упоришта во градовите Купјанск (Регион Харков 26.000 жители пред војната) и Лиман (Красни Лиман, област Доњецк, 20.000 жители пред војната) што се очекува да се случи во текот на овој или идниот месец, и што е исто така потврдено со мапите на независниот ISW од Вашинтон.

Не е познато што ќе преземе Зеленски за да се дефокусира јавноста во однос на последните и скори губитоци но, на располагање има се помалку аргументи и средства.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Следно

Англичаните за дуелот со Мексико ќе користат и Виагра?!

Latest from Blog

Пресврт за паметење: Аргентина вторпат по ред во финалето на Мундијалот! (ВИДЕО)

Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство со резултат од 2:1 и со тоа се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред. „Гордиот Албион“ последен пат играше

Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени

Вишиот регионален суд во Минхен, исто така, ги прогласи за виновни за членство во терористичката организација Исламска држава (ИСИС). Мажот, идентификуван само како Твана Х. С. во согласност со германските правила за

„Ги знаела процедурите, но ги знаела и шемите за продажба на бебиња“ – 8 години затвор за посредничката

Скопскиот кривичен суд ја осудил за виновна за трговија со бебе згрижувачката на деца што со години соработувала со Центарот за социјални работи, а за која неодамна пишуваше весникот ВЕЧЕР дека е

Урнебесна порака до Макрон: “Го повикавте Вучиќ, ете затоа загубивте од Шпанија“!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги запрат она што го нарекоа „акти на агресија“ и предупреди дека другите извозни патишта за нафта и
Go toTop