Зеленски: Украинските сили зазедоа нови позиции во руската Курска област

August 29, 2024
1 min read

Украинските вооружени сили продолжуваат да ја зголемуваат територијата под своја контрола „по должината на границата со Украина“, како дел од инвазијата на руската Курска област, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето редовно ноќно  видео обраќање до сонароднциите, цитирано од ДПА.

Зеленски не даде повеќе детали за кажаното, но додаде дека се фатени уште руски воени заробеници и би можеле да бидат искористени во евентуална идна размена.

-Ви благодарам, борци! Ова е нешто што ќе донесе дома толку многу наши луѓе од руско заробеништво, рече Зеленски.

Украинските трупи ја нападнаа Русија на 6 август, правејќи изненадувачки упад во Курскиот регион.

Во своето најново обраќање Зеленски рече дека офанзивата, исто така, помага да се намали дел од притисокот врз украинските војници кои се борат во регионот на Доњецк, кој во моментов е епицентар на жестоки борби. 

-Во спротивно, рече тој, силите на Киев таму би можеле да бидат ставени под уште поголем притисок.

Зеленски призна дека ситуацијата во регионот на Доњецк е „исклучително комплицирана“.

-Таму се концентрирани главните руски напори и нивните најголеми сили, рече тој.

Властите им наредија на жителите на Покровск, стратешки важен железнички град, да се евакуираат со оглед на напредувањето на руските трупи кои се приближуваат кон него. Меѓутоа, 38.000 луѓе, меѓу кои 1.900 деца, сè уште остануваат во градот.

Шефот на воената управа на Доњецк, Вадим Филашкин, најави дека од понеделник ќе бидат затворени сите филијали на банки во Покровск. Во градот ќе работат само банкомати.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

Следно

Макрон утре пристигнува во Србија на средба со Вучиќ

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop