Зеленски: „Украина се бори за сопствената и европската иднина, како за време на Втората светска војна“

May 8, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски рано утринава изјави дека Украина се бори против „злото“ за сопствената „иднина“, како и за Европа, исто како што го правеше тоа пред 80 години за време на Втората светска војна, јавува Анадолу.

„Заедно со цела слободна Европа, ќе го прославиме Денот на Европа на 9 мај во Украина. Обединета Европа, чија основа треба да биде и ќе биде мирот“, рече Зеленски за време на видеообраќањето по повод Денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна.

Зеленски истакна дека потпишал релевантен декрет за комеморација на „единството на сите Европејци“ кои победија против нацизмот.

„Ова ќе биде Денот на Европа, кој ги поддржува Украинците за сите девет години агресија и 439 дена од целосната инвазија (од Русија), кој ни помага да се бориме во сите правци: на бојното поле со оружје и на дипломатски фронт – со решителност, против ракетниот терор и зимскиот мрак, во економијата и на правниот фронт“, додаде тој.

Зеленски, исто така, рече дека додека оддаваат почит на „најважната победа на 20 век“, сите тие чекаат и се приближуваат до „Денот на победата на Украина“, кој, како што рече, ќе го добијат „заедно со сите“ кои во моментов ѝ помагаат на Украина во нејзините напори во тековната војна меѓу Москва и Киев.

„Ќе се сеќаваме на секоја држава и секој народ што ни се придружи во борбата за слобода. Никогаш нема да кажеме дека победата можеше да се случи без ниту еден од нив. Тоа ќе биде заеднички успех, но сигурен сум дека светот ќе го нарече овој ден исто – Ден на победата на Украина“, додаде тој.

Украинскиот претседател истакна дека ќе поднесе предлог-закон до украинскиот Парламент, Врховната Рада, со кој се предлага 8 мај да биде „Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна 1939-1945 година“.

Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна, прославуван на 9 мај од поранешните советски држави и многу други земји како Русија, ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.

Во февруари минатата година беше поднесен предлог-закон од украинските пратеници во кој повикуваат да се „ослободат од трагите на минатото“ поврзани со прославата на Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна поради неговата употреба од страна на Москва како „главно идеолошко оправдување за нејзината агресија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Приведени 33 хакери поврзани со терористичката организација ДХКП-Џ

Следно

Родители бараат префрлање на децата од ОУ „Владислав Рибникар“ и негова реконструкција

Latest from Blog

Познат актер е најден мртов во својот стан во Њујорк- играше негативец во легендарен филм

Грин беше пронајден мртов во неговиот стан во Долниот Ист Сајд во Њујорк, потврди неговиот менаџер Грег Едвардс. Тој не ја наведе причината за смртта. Смртта на Грин првпат ја објави „Њујорк

Кој е планот на Трамп за Западен Балкан?

Новата стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, јасно покажува поместување на фокусот од глобалниот ангажман кон строго дефинираните интереси на САД, при што Западниот Балкан се

Капитенот на Интер размислува за трансфер во Интер

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, размислува за трансфер во Барселона, објавува „Ел Национал“. Според изворот, Аргентинецот се смета за долгорочна замена за напаѓачот на каталонскиот клуб, Роберт Левандовски. Левандовски одигра 16 натпревари

Божјата рака ги води: Овие 4 знаци влегуваат во Новата година со невидена заштита, грижите исчезнуваат, доаѓа чудо и целосен благослов

Конечно можат да воздивнат со олеснување! Овие 4 знаци ги оставаат сите свои тешки грижи зад себе – Божјата рака ги води во година полна со невидена среќа. Сите сме имале тешки
Go toTop