Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит

June 16, 2024
1 min read

Во швајцарскиот град Бургеншток продолжува мировниот самит за Украина. Во нацрт-коминикето од мировната конференција, коешто го објавија светските медиумиски агенции, се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина.

Пред почетокот на средбата швајцарската претседателка Виола Амхерд изјави дека по самитот ги очекува првите конкретни чекори кои треба да доведат до мир. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленсмки пак вели дека за време на  вториот мировен самит, Украина ќе ѝ претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот. 

Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски порача дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да дојдат до мир на вистински и траен начин и во согласност со Повелбата на Обединетите нации.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руските сили упаднаа во објектот за притвор и ги спасија заложниците, елиминирајќи ги киднаперите

Следно

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop