Зеленски се сретна со папата Франциск, му подари панцир носен од украински војник

May 13, 2023
1 min read

Зеленски во Италија доби поддршка за отпорот на Украина против руската инвазија од премиерката Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Ватикан се сретна со папата Франциск, а на средбата разговарале за хуманитарната и политичката ситуација во Украина предизвикана од тековната војна.

Во соопштението од Светата столица се вели дека двајцата лидери, за време на состанокот што траел околу 40 минути, се согласиле за потребата од продолжување на хуманитарните напори за поддршка на населението.

Зеленски на папата му подарил панцир носен од украински војник на кој подоцна била насликана Богородица.

Повеќе од една година папата речиси секој ден ги повикува верниците да се молат за Украина и редовно апелира до Киев и Москва да се договорат за прекин на огнот. Тој се уште не ја прифатил поканата на Украина да го посети Киев, велејќи дека ќе оди само ако биде поканет и во Русија.

Претходно Зеленски имаше средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони која вети целосна поддршка од Италија за Украина во нејзините напори да ја одбие бруталната и неправедна руска агресија колку што е потребно во иднина.

На прес-конференцијата одржана заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Мелони рече дека Италија ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и да ја поддржува неговата земја се додека е потребно.

„Типуваме на победа на Украина“,

изјави Мелони.

ФОТО: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Украинскиот лидер ги покани сите италијански политички лидери и претставници на граѓанското општество да ја посетат Украина.

Тој рече дека така ќе можат да видат што е способен да направи еден човек, што е способен Путин и ќе разберат зошто се борати со тоа зло.

Зеленски денеска во Рим се сретна и со италијанскиот претседател Серџо Матарела кој му порача дека Италија целосно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор против руската инвазија.

Матарела му рекол на Зеленски дека му е чест што е во Рим, јавија италијанските медиуми.

„Побарав повторно да се видиме по нашиот разговор пред неколку години и во овие различни околности, ние сме целосно на ваша страна“,

рече италијанскиот претседател.

Матарела нагласи дека сите сакаат да се постигне мир во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бујар Османи: Ризикуваме изолација како од 2006 до 2017 година ако не се качиме на брзата патека за ЕУ

Следно

(ВИДЕО) Судар на автобус, камион и автомобил на автопат во Косово, повредени 30 матуранти

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација
Go toTop