Зеленски: „Се подготвуваме за контранапад, за кратко време ќе преземаме чекори“

May 14, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека со голема решителност се подготвуваат за контранапад во војната против Русија, дека за кратко време ќе преземат важни чекори и дека се мотивирани да го сторат тоа, пренесува Анадолу.

За време на посетата на Рим, каде што во саботата се сретна со италијанските официјални претставници, Зеленски одговараше на прашањата на новинарите во програмата на италијанската државна телевизија.

На потсетување на новинарите дека „италијанската јавност е уморна да го поддржува Киев“, Зеленски рече:

„Да замислиме дека (рускиот претседател Владимир, заб.ав.) Путин дошол во земјите на НАТО. Тогаш во таа војна ќе ги пратите вашите граѓани, вашите татковци, вашите деца затоа што сте членки на Алијансата. Јас сум прагматична личност. Вашето општество би требало да го разбере тоа, подобро да ѝ се помогне на Украина отколку да ги праќа своите граѓани во војна.“

Зеленски рече дека успеале да го заштитат своето небо благодарение на Италија и Франција и дека ќе изгубеле повеќе ако не биле противвоздушните одбранбени системи преземени од тие земји.

Наведувајќи дека е важно да се стави крај на војната, Зеленски тврди дека Путин е „агресивен“ и дека не сакаат да живеат во хаос.

Зборувајќи за телефонскиот разговор што го имал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, Зеленски рече:

„Разговаравме за важни прашања. Реков оти веруваме дека Пекинг нема да ѝ испорачува оружје на Москва. Си одговори дека тие нема да испорачаат оружје и нема да ја поддржат Русија.“

Зеленски накратко ги коментираше мировните преговори што Ватикан и папата Франциск ги ставија на дневен ред.

„Го почитувам папата, но ни треба мир, а не посредник. Го повикуваме папата да работи за праведен мир како другите лидери, но прво треба да направиме други работи. Не можете да посредувате со Путин, ниту една земја во светот може да го направи тоа“, истакна Зеленски.

Изразувајќи дека нема волја да разговара со рускиот претседател, Зеленски тврди дека излезот за Украина е контранапад и дека откако ќе стигнат до границата со Крим, поддршката за Путин во Русија ќе опадне.

На прашањето кога ќе се случи украинскиот контранапад, Зеленски рече:

„За кратко време ќе се преземат важни чекори. Се подготвуваме со голема одлучност и ќе дојдат важни чекори. Мотивирани сме за тоа. Не можам да дадам одговор за времето и методите, но ќе видите. Веруваме во победа.”

За можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната, Зеленски рече дека верува оти Путин нема да користи нуклеарно оружје.

„Никој не знае што се случува во главата на претседателот на Русија, но не треба да се плашиме. Путин има голема волја за живот и ќе се обиде да направи сѐ за да живее“, рече Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије: На избирачко место луѓе гласаат во народна носија

Следно

Тринаесетгодишник со нож и секира нападнал мајка и син во Србија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop