Зеленски: Русија ќе биде поразена како што беше поразена нацистичка Германија

May 8, 2023
1 min read

Украинскиот претседател најави дека поднел предлог-закон до парламентот со кој се предвидува дека 9 мај официјално ќе се слави како Ден на Европа во Украина, додека Денот на победата ќе се слави на 8 мај како „Ден на сеќавање и победа над нацизмот“. Русија, инаку, го одбележува Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај

Руските сили ќе доживеат пораз исто како што беше поразена нацистичка Германија во Втората светска војна, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето на социјалните мрежи на 8 мај.

„Заедно го уништивме злото, на ист начин како што сега заедно се бориме против слично зло“,

рече тој, алудирајќи на војната на Русија против Украина.

Зеленски ова го кажа притоа најавувајќи дека поднел предлог-закон до украинскиот парламент со кој се предвидува дека 9 мај официјално ќе се слави како Ден на Европа во Украина, додека Денот на победата да се слави на 8 мај како „Ден на сеќавање и победа над нацизмот“.

Инаку, Русија го одбележува Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај.

Зеленски рече дека Украина, како и другите европски нации, ќе го усвои 9 мај како Ден на Европа, за прослава на мирот и единството во Европа.

„Заедно со цела слободна Европа, 9 Мај во Украина ќе го одбележиме како Ден на Европа, чиј темел треба да биде и ќе биде мирот. Ќе го одбележиме нашето историско единство – единството на сите Европејци кои го уништија нацизмот и ќе го уништат рашизмот (термин што украинската влада го користи за да означи руски фашизам)“,

рече Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА СЛИКАРОТ ДРАГОЉУБ БЕЖАНОВИЌ-БЕЖАН

Следно

Милошоски: Владата се однесува со Уставот како дневен ред на совет на станари, овој пратенички состав нема мандат да решава за уцените на Бугарија

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop