Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напад врз Украина преку ноќ, користејќи повеќе од 300 беспилотни летала и „значаен“ број балистички и крстосувачки ракети.
Во објава на X, Зеленски изјави дека еден ден претходно Украина добила пратка противвоздушни ракети, што придонело за зајакнување на нејзината одбрана, но предупредил на итна потреба од дополнителни резерви, објави Ројтерс.
„Партнерите не смеат да не го исполнат ова – противвоздушните ракети се вистинската заштита за човечките животи“, рече Зеленски.
Извор: tv21


