Зеленски разговараше со Марин, ЕУ може да го зголеми фондот за Украина

March 10, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев разговараше со финската премиерка Сана Марин за прашањата на одбраната и безбедноста, обновувањето на Украина и санкциите против Руската Федерација.

„Клучна тема на денешните разговори беа одбраната и безбедноста, тоа е приоритет“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Марин.

Тој изрази благодарност до Финска за воената помош за Украина и уверување дека двете земји ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката, пренесе „Укринформ“.

ЕУ наскоро може да го дополни фондот за купување оружје за Украина до 3,5 милијарди евра, изјави денеска висок претставник на Унијата.

Според планот, изготвен од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ ќе добијат финансиски стимулации во вредност од една милијарда евра да испратат повеќе артилериска муниција во Киев, додека со уште една милијарда евра ќе се финансира заедничката набавка на нови ракети.

„Доколку има договор за овој пакет од две милијарди евра, ресурсите од Европскиот мировен фонд ќе бидат исцрпени“, рече официјалниот претставник.

Според него, земјите-членки треба да одлучат дали и кога сакаат да спроведат нов можен врв од 3,5 милијарди евра за помош на Украина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски за вмешаноста на Украина во нападите на „Северен тек“: Искрено, смешно е

Следно

Ериксен на теренот порано од очекуваното

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop