Зеленски пристигна во Вилнус разочаран затоа што сè уште нема временска рамка за членството на Украина во НАТО

July 11, 2023
1 min read

Иако поголемиот дел од земјите-членки на НАТО се согласни дека Украина треба да биде дел од алијансата, сепак лидерите на најголемите членки, но и генералниот секретар Јенс Столтенберг изјавија дека Украина пред се мора да опстане и да победи во војната, па потоа може да се размислува за полноправно членство

Зеленски, пред неговото доаѓање во Вилнус на Твитер напиша дека во моментот не гледа подготвеност ниту за повик на Украина во НАТО, ниту пак за земјата да стане членка

Украинскиот претседател Володомир Зеленски пристигна со доза разочараност и незадоволство на дводневниот Самит на НАТО кој се одржува во Вилнус, Литванија, бидејќи во овој момент тој не гледа подготвеност за повик на неговата земја во алијансата, иако голем дел од земјите-членки ја поддржуваат неговата земја за членство во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во изјава за медиумите кажа дека Украина треба да добие јасна и позитивна порака од самитот во Вилнус, но пред се, мора да се осигураат дека Украина ќе победи во војната против Русија, бидејќи доколку Украина не надвладее како суверена држава, нема да постои дискусија за членство.

„Затоа треба да ги запознаеме временските рамки и задачите, а првата, воедно и најзначајна задача е да се осигураме дека Украина ќе надвладее, а претседателот Путин нема да победи во оваа војна“,

рече Столтенберг.

Засега се уште не се знае каква ќе биде иднината на Украина кога станува збор за членството во најмоќниот воен сојуз – НАТО алијансата. Иако источноевропските земји и балтичките земји константно бараат усвојување на временска рамка за влез на Украина во алијансата, САД и Германија се уште имаат забелешки за владеењето на правото во земјата и борбата против корупцијата.

На дводневниот самит на НАТО, покрај Зеленски, од украинска страна присуствуваат и други украински функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на земјата Олексиј Резников. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на земјите на НАТО се состанаа на Самитот во Вилнус

Следно

Белата куќа би сакала да нема интерес за извештајот за повлекувањето од Авганистан

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop