Зеленски почнал да го заобиколува Залужниј во комуникацијата со команданти

December 7, 2023
1 min read

Според информациите од украинските медиуми Залужниј наводно добивал дел од информациите од своите потчинети само за време на состаноците што ги држел во генералштабот.

„Постои впечаток дека Зеленски ги поделил вооружените сили на две групи: ‘добри’ командувани од Сирски (првиот човек на пешадијата) и други избрани, и ‘лоши’ кои му се потчинети на Залужниј.

Ова значително го демотивира Залужниј, и уште поважно, го спречува да ја командува целата војска,“ го пренесува Украинска правда изворот од блискиот круг на Залужниј.

Според нив Зеленски понекогаш носи одлуки за воени работи водени од политички причини. Како пример за тоа е отпуштањето на сите раководители на регионалните канцеларии за регрутација по извештаите за опсежна корупција. Ова предизвикало проблеми кај Залужниј, кој опоменал дека и покрај потребата за борба против корупцијата, постојат пропусти во напорите за мобилизација на војска.

Слично влијание имала и одлуката на Зеленски да се смени командантот за Специјални операции, Виктор Хоренко, кое се случи неколку дена откако Залужниј во Економист прогласи дека војната и контраофанзивата заглавиле.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложбата „Уметничкиот свет на Владимир Георгиевски“- дел од ретроспективната изложба денеска ќе биде отворена во Струга

Следно

Спасовски: Кривична ќе има и против лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop