Зеленски ни е нешто лут

November 1, 2023
1 min read

Авторот на прилогот, Сајмон Шустер, пишува дека јавната поддршка за Украина во САД стивнува изминатите неколку месеци, а последната посета на Зеленски на Вашингтон не успеала да го промени тоа.

За време на посетата, Зеленски почувствувал „исцрпеност“ од „упорната потреба да ги убедува своите сојузници дека со нивна помош Украина може да победи“.

„Никој не верува во нашата победа како јас. Никој!!“, рекол Зеленски за Тајм и признал дека тоа „ја зема целата ваша моќ, целата ваша енергија“.

Кога новионарот прашал членови на тимот на Зеленски како обично е расположен украинскиот претседател, тие без двоумење одговориле: „Лут“.

Рекле дека веќе ја нема неговата некогашна ведрина и способност да ги разведри и живне состаноците во воената соба.

 „Сега влегува, го брифираат, дава наредби и излегува“,  рекол долгогодишен член на екипата на Зеленски .

Друг рекол дека најмногу од сè, Зеленски се чувствува предаден од неговите западни сојузници, кои, според него, не му даваат средства за победа во војната, туку само да ја преживее.

Најблиските соработници на Зеленски велат дека и покрај неодамнешните неуспеси на бојното поле, тој нема намера да се откаже од борбата и дека уште посилна е неговата верба во конечната победа на Украина над Русија, но дека и тоа по малку загрижува бидејќи вербата на Зеленски се граничи со месијанизам.

„Немаме многу опции, не победуваме но не се обидувајте да му го кажете тоа“, му рекол на Шустер еден од најблиските соработници на Зеленски кој одбива да ги прифати претстојните зимски предизвици за Украина бидејќи, според него „Замрзнувањето на војната за мене значи нејзино губење“.

Екипатата признава дека не напредува но и дека некои команданти од првата линија почнале да одбиваат наредби за пробивање, дури и кога доаѓаат директно од канцеларијата на претседателот.

„Тие само сакаат да седат во рововите и да ја држат линијата“, рекол помошникот. „Но, така не можеме да победиме“.

Во некои гранки од војската недостигот на персонал е уште пострашен од дефицитот во оружје и муниција. Дури и САД и другите сојузници да го пратат целото оружје што го имаат ветено, Украина ќе нема луѓе тоа да го искористи.

Освен по актуелната војна, она по што е позната Украина е корупцијата и на луѓето на Зеленски им е познат обемот на лоповлукот на државните фондови, митото и корупцијата.

Еден од екипата на Зеленски тоа јасно го срочил:

„Се краде како да нема утре.“

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва почнува 31. издание на меѓународните студентски средби „Скомрахи“

Следно

БиХ: За време на средба во Претседателството, истакнат транспарент „ЕУ и Фон дер Лајен соучесници во геноцидот во Газа“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop