Зеленски не го бендиса интервјуто на Залужниј

November 6, 2023
1 min read

За Њујорк тајмс ова е впечатливо јавно отфрлање на изјавата на Залужниј „кое сигнализира појава на поделби меѓу воените и цивилните лидери во проблематичен период за Украина.“

Заменикот шеф на кабинет на Зеленски, Ихор Жовка, на националната украинска телевизија порача дека тврдењата на Залужниј ја „олеснуваат работата на агресорот“ и дека коментарите предизвикуваат паника меѓу западните сојузници на Украина.

Во исто време Зеленски коментирајќи го интервјуто на генералот за Економист, изјавува „минува време, луѓето се уморни, без разлика на нивниот статус, и ова е разбирливо“ дополнувајќи „но војната не е во безизлезна ситуација, сакам ова уште еднаш да го нагласам.“

Критиките од властите во Киев следуваат само еден ден откако по наредба на претседателот беше сменет заменикот на Залужниј одговорен за специјални операции. Не е познато дали генералот или командата на украинските сили била свесна дека се планирала смената.

Тајмс коментира дека несогласувањето меѓу генералот и претседателот се случуваат во време кога Украина има проблем да покаже некаков успех на военото поле, и дека минималните напредоци се добиени по цена на големи загуби на војска и опрема.

Вон фронтот паниката кај украинското раководство е дека глобалното внимение е свртено кон конфликтот меѓу Израел и Хамас, наместо кон војната против Русија. Дури и пред воопшто во Израел да се случи 7 октомври, меѓу Западот и Украина имаше тивок судир за тоа кој е виновен за слабите резултати на контраофанзивата. За Западот, Украина згрешила што премногу ги растегнала своите сили по фронтот, за Укриана, Западот задоцнил со испраќање на неопходното оружје.

Иако повеќе од една година се шпекулира за судир меѓу Зеленски и Залужниј, ова е прв пат тоа јавно да биде покажано. Генералот до сега нема јавно реагирано ни на коментарите на владата, ни на отпуштањето на првиот човек за специјални операции.

Залужниј за Економист објаснува, поткрепено со есеј, дека дроновите и други технологии го направиле невозможно напредувањето на механизираните единици, и дека двете страни моментално се заглавени без можност за дополнителен напредок. Тој објаснува дека и Русија е заглавена во истиот проблем и секој напредок е по неверојатна човечка цена.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стано: Новиот предлог на ЕУ за формирање на ЗСО е избалансиран

Следно

Универзитетот „Мајка Тереза“ ја организира Меѓународната конференција за одржлив развој

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop