Зеленски ладно пречекан во Вашингтон

September 22, 2023
1 min read

Пред девет месеци, украинскиот претседател за првпат тајно ја напушти својата земја која се наоѓа во војна за да одржи емотивно обраќање пред Конгресот. Двеминутните овации што ги доби – и од демократите и од републиканците – беа далеку од она со она со што се соочи на неговото второ воено патување во Вашингтон.

Зеленски сега во Вашингтон дојде на терен на кој има два важни момента за него. Од една страна, Џо Бајден повторува дека ќе биде со на Украина онолку колку што ќе биде потребно. Во моментов  од Конгресот тој бара нови 24 милијарди помош за Украина (досега имаат дадено 113 милијарди).

Од друга страна, во Конгресот расте сознанието дека војната нема крај и најверојатно не може да се добие, особено по тенките резултати на долгоочекуваната украинска контра-офанзива. А американскиот дефицит е огромен (види: Се ладат и најпроукраинските конгресмени). 

Посетата на Зеленски беше искористена за писмо до Белата куќа потпишано од 6 сенатори и 22 членови на Претставничкиот дом кои се против давање нови милијарди за Зеленски.

Овојпат претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти приватно се сретна со Зеленски, но го одби неговото барање да се обрати на заеднички состанок на Конгресот.

„Едноставно немавме време“, им рече на новинарите.

Во врска со парите за Украина, ладно се произнесе Конгресменот Бајрон Доналдс.

„Во моментов нема пари за Украина. Искрено, ова не е добро за Зеленски да биде овде“.

Извори на Аксиос велат дека разговорите на Зеленски со МекКарти и други конгресмени биле отворени и директни и дека тој заминал од Капитол Хил  со „многу реалистична слика“ какви се работите, кога станува збор за односот на силите во Конгресот.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обраќање на Тина Иванова: Есеј за лагите на министерката

Следно

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop